Американскта пејачка Ријана паднала на шармот на холивудскиот актер Колин Фарел. Имено пејачката не престанувала да му испраќа на актерот пораски со секси содржина, а упатените велат дека целосно била обземена со него. Актерот и пејачката се запознале во шоуто на Граам Нортон пред Божик. Тогаш си ги размениле броевите на телефоните и од тој момент Ријана не престанува да му испраќа пораки.
Извор близок на актерот изјавил дека Колин бил изненаден со содржината на пораките, но бидејќи и двајцата биле слободни би можеле многу лесно да бидат заедно. Инаку, ниту Колин не бил имун на убавината на Ријана па договориле состанок во Лос Анџелес штом обврските тоа ќе им го дозволат. Актерот неодамна ја прекинал врската со колешката Алисија Баклед бидејќи сватил дека не е доволно спремен за врска иако само една година претходно го добиле синот Хенри. Ријана исто така немала многу среќа во љубовта и пред неколку месеци раскинала со безбол играчот Мет Кемп.