Откако го објави албумот „АНТИ“, Ријана е исклучително барана. Неодамна организаторите на доделувањето на Британските музички награди го потврдија нејзиниот настап во Лондон, а сега пристигна известување дека убавицата од Барбадос ќе настапува и на доделувањето на наградите Греми. Освен што кон крајот на месецов започнува нејзината голема светска турнеја на која ќе го промовира новиот албум, февруари воедно е и месец кога Ријана ќе има два големи и важни настапи. Првиот е на 15 февруари на наградите Греми, а потоа на 24 февруари лета преку Атлантикот во Лондон.

 

Новиот албум на музичката ѕвезда се качува кон врвот многу брзо и само е прашање на време кога ќе стигне на првото место на листата на Билборд за најдобри албуми. Актуелниот сингл „Work“ кој го сними во соработка со Дрејк се наоѓа на деветтото место на Билбордовата „хот 100“ листа. Претходно објавени изведувачи кои ќе настапуваат на доделувањето на наградите Греми се Адел, Џејмс Беј, Ели Гулдинг, Сем Хант, Тори Кели и Лејди Гага, која најави настап во чест на Дејвид Боуви.