Ријана одлучила ова лето што повеќе да го искористи својот и тоа како заслужен одмор, па се забавувала со своето друштво од утро до мрак. Тоа задоволство ја чинело околу 215 илјади фунти, откриваат британските медиуми.


Ријана со пријателите од Ница заминала на пат до Сен Тропе, Кан и Портофино, каде  за само пет дена одмор потрошила 215 илјади фунти на изнајмување јахти, шампањ и најубава храна. Се забавувала секој ден до шест наутро.

Секси пејачката најпрво ги испробала своите нуркачки вештини, а потоа со пријателите лудувала во еден клуб. Неа и се придружила и Плејбој зајачицата Викторија. Сето ова пејачката го овековечила на Твитер.