Популарнта пејачка Ријана почнала да бара куќа во Лондон во која ќе живее наредните месеци, а се поради снимањето на едно реално шоу. Ријана има намера да се пресели од САД во Англија на три месеци, колку што ќе трае снимањето на реалното шоу во продукција на телевизиската мрежа „Скај“.

Пејачката во ова шоу ќе се обиде да открие нова ѕвезда меѓу младите дизајнери, а нејзината потрага цело време ќе биде следена од камерите. Како би можела да биде фокусирана само на работата, Ријана му наложила на својот тим да и пронајде куќа во некој од помирните делови на Лондон, каде ќе ги мине наредните месеци, а можеби и ќе купи некоја недвижнина, бидејќи веќе извесен период планира да поседува куќа во главниот град на Англија.