Ријана од британскиот уметник Клер Милнер нарачала портрет од легендарната холивудска актерка Мерлин Монро вреден 157 илјади долари. Портретот бил направен од 65 илјади Сваровски кристали, а бил тежок 82,5 килограми.
Клер четири месеци ја привршувала фотографијата, и тоа рачно поставувајќи 65 илјади Сваровски кристали поради кои портретот постојано ја менувал бојата и ја осветлувал просторијата во боите на виножитото. Пејачката ова уметничко дело ќе го изложи во својата летна вила на Беверли Хилс.