Пејачката Ријана ја дизајнирала својата прва колекција облека за модната куќа Џорџо Армани. Колекцијата, која ќе се најде во продажба следниот месец, е сочинета од маици со кратки ракави, фармерки и долна облека. Таа изјавила дека фармерките и се омилен дел од колекцијата и ги опишала како „благ рок фазон, неверојатно секси и со силни машки рабови“.

На повеќето модели се наоѓа почетната буква од името на Ријана, а колекцијата содржела и кожни јакни и плетени чанти. Портпаролот на Армани изјавил дека младиот и модерен дух на Ријана биле причина за соработката на модната куќа со неа. Пејачката оваа година станала заштитно лице на долната облека Емпорио Армани, а исто така и се појавувала во реклами на овој бренд.