Популарната музичка ѕвезда Ријана ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за 2012 година. Атрактивната пејачка од Барбадос е првата жена чии песни веќе пет години по ред се број еден на британските топ листи.


Покрај неа рекорди собориле и Лејди Гага, како ѕвезда со најголем број следбеници на Твитер, како и Адел, која е рекордерка во дури три категории. Еден од успесите на Адел е тоа што е првата жена која истовремено во британските топ 5 листи има две песни и два албуми. Тоа претходно им успеало единствено на легендарните Битлси.