Странските медиуми пишуваат дека Ријана наскоро ќе продава марихуна која ќе носи име МаРијана. Таа тоа наводно го најавила на собирот „High Times Cannabis Cup“ на Јамајка, но од нејзиниот тим сеуште нема официјална потврда за овие наводи. Ова нема да биде нејзин прв проект „на страна“, бидејќи славната пејачка има една линија чорапи, парфеми и модна агенција.

 

Ријана со фотографиите на своите профили на социјалните мрежи со години покажува наклоност кон марихуаната. Таа не е прва ѕвезда која ќе лансира своја марихуана. Тоа веќе го направи раперот Снуп Дог кој својата линија ја нарече “Leafs By Snoop Dogg”. Марихуаната со име МаРијана наводно ќе може да се купи во американските држави каде користењето на оваа билка е дозволено, односно во Колорадо, Вашингтон, Орегон и Аљаска.