Црномурестата британска пејачка Ријана најавила лансирање на сопствена модна линија. Девојката чиј стил на облекување го пратат и обожуваат милиони девојки во светот е многу внимателна кога станува збор за модата. Имено, многу модни куќи и нуделе линии со нејзиното име и потпис, но таа останала упорна во својата намера и сака да лансира своја линија.


Таа признала дека одвоила многу време пратејќи ја светската мода и дека има огромна желба и самата да дизајнира. Ријана за почеток скицирала модели на бикини, како и јакни за својата нова колекција облека, а наскоро подготвува и нивна изработка, додека пак нејзиниот парфем ќе се појави многу скоро на светскиот пазар.