Популарната пејачка Ријана ќе се појави во четвртата епиозда од рекламниот серијал на Диор “Secret Garden”, кој моментално се снима во Версај. Промо филмот и фотографиите од снимањето ќе бидат прикажани оваа пролет. Ријана така стана првата ад=фро-американка која е заштитно лице на оваа модна куќа.
Пред контраверзната пејачка од Барбадос, амбасадорки на Диор кои ја промовираа облеката, перфемите и козметиката на оваа модна куќа, биле Џенифер Лоренс, Марион Котиар, Натали Портман, Мерлин Монро, Грејс Кели, Шарлиз Терон и многу други.