Пејачката Ријана ќе добие вртоглави пет милиони фунти за работа која ќе трае буквално една минута. Шопинг центарот Вестфилд во Лондон ќе плати милиони за нејзиното појавување на церемонијата за вклучување на празничното осветлување.
Се што пејачката од Барбадос треба да направи е да се појави, да го притисне копчето кое го пали светлото, да им се насмевне на фотографите и да го земе хонорарот од пет милиони. Споментаиот шопинг центар не штеди пари кога станува збор за декорацијата пред Божик и Нова Година, па секоја година ангажира некоја позната личност да ги запали светлата кои ја осветлуваат зградата.