Згодната пејачка од Барбадос позирала за насловната страница на кинеското списание “Harper’s Bazaar” и со својата беспрекорна убавина ги оставила сите без здив. Ријана за потребите на ова снимање носела гардероба инспирирана од истокот, а иако не била премногу разголена мамела воздишки насекаде.

 

Насловната страница ќе се појави во април, а пејачката веќе поделила дел од фотографиите со своите следбеници на социјалните мрежи. Облечена како гејша, со бронзен тен и морско сини очи, ги засенила сите. Исто така, малку кој ќе ги заборави полните црвени усни на оваа прекрасна пејачка.