Новиот спот на Ријана за песната “Man Down” во кој е прикажана како го убива човекот кој ја силува, го поттикнал американското телевизиско здружение на родители да побара забрана за негово прикажување.
-“Man Down” е песна за девојка која извршила убиство и поради тоа се кае. Ние се обидовме да се позанимаваме со сериозни теми за кои луѓето се плашат да зборуваат. Очигледно е дека таа не е ладнокрвен убиец, вратете се на почетокот од спотот и изгледајте го до крај-објаснила Ријана и вели дека тоа е уметничко дело со порака. Вели дека треба да бидат слободни да ја создаваат уметноста и да ги остават да ја работат својата работа. Таа не е родител, а факт е дека музичката индустрија не е баш родителски настроена.