Популарната пејачка од Барбадос ќе претрпи финансиска загуба од 2,6 милиони долари, бидејќи куќата на Беверли Хилс ќе мора да ја продаде под нејзината цена поради покривот кој прокиснувал. Ријана вилата пред две години ја платила 6,9 милиони долари, а сега мора да ја продаде под таа цена. Тврди дека куќата била лошо изградена до таа мера, што прокиснувала на сите страни.

Во огласот пишувало дека на куќата и требаат голем број поправки, како и дека добар дел од неа бил оштетен поради влагата. Бидејќи се чувствала измамено, Ријана го тужела поранешниот сопственик на куќата, како и поранешниот агент за недвижности и земјишните инспектори кои го прегледале имотот пред да и го продадат.