Поп пејачката Ријана ја претставила својата прва колекција гардероба на Лондонската модна седмица, а ревијата можеле да ја видат само лица со специјални покани. Колекцијата била плод на успешната соработка на поп ѕвездата и британскиот бренд “River Island”, а пејачката со звуците на хип-хоп музиката и чад на сцената ја претставила колекцијата на која немало ништо шокантно или распуштено, со оглед дека колекцијата ја правела пејачката која на своите настапи носи провокативна облека. Забавната колекција била наменета за младите жени и во неа се нашле тесни парчиња и фустани кои откриваат малку повеќе од нозете.

Повеќето парчиња облека имале монохроматски изглед и биле еднобојни, а застапени биле црвената, жолтата, морнарско сината и црната боја. Во колекцијата доминирале материјали од сатен, а некои кратки сукњи биле направени од текскас и биле во пар со краток топ или маици со кратки ракави. Ријана исто така се потрудила да направи неколку елегантни фустани кои претежно биле црни со бели цветни шари. На крајот на ревијата се поклонила пред публиката и била необично срамежлива, но и среќна и насмеана. На себе имала краток црн фустан. Нејзината колекција би требало да почетокот на март да се најде во Британија, САД и Јапонија.