Поп пејачката Ријана го откажа почетокот на светската турнеја на која треба да го промовира најновиот албум поради болест, соопшти денес нејзиниот менаџер. Првиот концерт, кој беше предвиден за 26 февруари, ќе биде одржан на 12 март во Џексонвил во американската сојузна држава Флорида. Турнејата ќе заврши во август со настап во Цирих. Ријана го откажа и настапот на неодамна одржаното доделување на наградите Греми. Лекарите и препорачале да ги одмара гласните жици бидејќи доколку пее и се заканува крварење. Други детали не се соопштени, освен дека пејачката пие антибиотици.
Познатата пејачка на 27 јануари, без претходна најава, го издаде новиот, осми по ред албум, „Анти“. Пејачката од Барбадос стекна слава со дебитантскиот сингл “Pon de Replay” и албумот “Music of the Sun” од 2005 година. Најголем успех досега постигна со третиот албум “Good Girl Gone Bad”, од кој најголеми хитови беа “Umbrella”, “Take a Bow” и “Disturbia”.