Ѕвездата од Барбадос Ријана моментално се наоѓа на турнејата „777“, а неодамна во Лондон го одржала вториот по ред концерт и за публиката извела сески танц после кој останала само по градник. Пејачката на сцената се појавила во бел комплет, пантолони и кошула, но понесена од музиката набрзо започнала да се соблекува. На нејззното лице не се забележувал замор, иако турнејата била многу напорна бидејќи за седум дена одржала седум концерти во седум различни градови.
Расположено и заводливо танцувала на сцената, флертувала со публиката и ја подигала температурата до маскимум. И покрај тоа што одржала два спектакуларни концерти, пејачката нашла време да се појави во еден шопинг центар, каде го вклучила божиќното осветлување, а наводно за тоа заработила половина милион долари.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com