Поп пејачката Ријана го издаде новиот, осми по ред албум „Анти“, преку стриминг сервис на интернет. Ријана во средата вечер го издаде албумот без претходна најава, неколку часа пред излегувањето на песната “Work” од тој албум. Стриминг сервисот „Tidal“, во сопственост на раперот Џеј Зи, чиј партнер е Ријана, соопшти дека новиот албум е наменет за корисниците на тој сервис една седмица, после што ќе биде достапен за јавноста.

 

Ријана на 26 февруари заминува на светска турнеја на која ќе одржи концерти во Северна Америка и Европа. Пејачката од Барбадос стекна светска слава со дебитантскиот сингл “Pon de Replay” и албумот “Music of the Sun” од 2005 година. Најголем успех досега постигна со третиот албум “Good Girl Gone Bad” од кој најпознати хитови се “Umbrella”, “Take a Bow” и “Disturbia”.