Откако пред два месеци поради болест го откажала концертот во Бостон, публиката се надевала на спектакл по нејзиното враќање во овој град, но се случило токму спротивното. Концертот доцнел три часа, а главна причина била кошаркарскиот натпревар од НБА лигата помеѓу екипите на Мајами, чиј фан е Ријана, и Чикаго Булс. По завршувањето на натпреварот, пејачката излегла на сцената и според впечатоците на публиката извела „карикатура“ од шоу.
Публиката јасно можела да види дека пејачката настапува на плејбек, и дека воопшто не е заинтересирана да ги забавува своите фанови во Бостон. Се шпекулира дека главна причина за нејзиното лошо однесување во последниве неколку денови е раскинувањето со нејзиното момче Крис Браун. Меѓутоа, изгледа дека исвиркувањата не ја потресле многу пејачката, која на својот Твитер налог по концертот оставила порака на која пишувало: „Бостон, никогаш нема да ја заборавам оваа ноќ, навистина ја направивте незаборавна“.