Ријана е во врска со кошаркарот Џеј Ар Смит, со кој била видена во ноќен клуб во еден хотел во Мајами. Стрелата на Амор повторно ја погодила Ријана, пишуваат американските медиуми. Убавицата од Барабадос минатиот викенд го минала во друштво на кошаркарот на Њујорк Никс Џозеф Смит, попознат како Џеј Ар Смит.

Откако ноќта ја минале заедно во ноќниот клуб, наредниот ден повторно биле видени заедно. Извор близок на пејачката изјавил дека нема сомнение дека тие двајца се заедно, а додал и дека изгледале вљубено. Останува да се види дали атрактивната пејачка ќе се скраси покрај познатиот кошаркар.