Познатата пејачка Ријана веќе извесно време престојува на родниот Барбадос, а папараците и овој пат ја фотографираа на плажа. Но популарната Рири овој пат позираше со мало мајмунче, за кое се грижеше како вистинска внимателна и грижлива сопственичка.
Пејачката одлучи до максимум да ужива во одморот, па освен што се забавуваше на карневалот во Барбадос, таа ужива и на плажите на родниот остров каде што и го пронајде новиот домашен миленик. Рири малиот мајмун го поведе со себе на плажа, а освен што го искапи и го нахрани, пејачката како вистинска одговорна сопственичка својот миленик удобно го смести на своите гради.