Пејачката Ријана подарила 100 илјади долари на УНИЦЕФ за помош на жртвите од ураганот Хаијан на Филипините. Како што пренесуваат електронските медиуми, пејачката ги повикала и другите да помогнат колку што можат за жртвите од ураганот. Ријана во соопштението јавила дека кризите се појавуваат во вестите, но закрепнувањето продолжува многу подолго откако камерите ќе заминат. Бидејќи е фан и го поддржува УНИЦЕФ, била почестена што им се продружила кон помагањето на децата погодени со ураганот.
Таа додала дека повеќе од пет милиони деца на Филипините чекаат на помош. УНИЦЕФ бил тука денес, а на подогли стази, ќе помогнела и таа. Во ураганот кој ги погодил Филипините погинале повеќе од 5500 лица, повредени биле 25 илјади, а илјадници останале без домови.