Иако на прв поглед се чини дека Ријана и Шерил Кол немаат премногу сличности, фановите на двете ѕвезди нема да имаат ништо против ако овие две убавици снимат дует за кој деновиве многу се зборува.
Како што пренесуваат британските медиуми, Шерил Кол специјално за дуетот со Ријана отпатувала во Лос Анџелес, каде снимањето би требало да почне кон крајот на оваа недела.