Веќе некое време се претпоставува дека Ријана и Крис Браун ја обновиле својата врска која заврши пред три години кога Браун ја претепа пејачката. Се зборува дека тие двајца потајно се среќаваат во Лос Анџелес веќе една година.
-Ријана го посетува Крис секогаш кога е во Лос Анџелес. Не можат да се наситат еден од друг. Мислам дека тоа нема добро да заврши-вели пријател на Крис.
Извор близок на ѕвездата од Барбадос вели дека Ријана сака да живее опасно, а тоа чувство и го даваат разговорите и дружењето со Крис. Освен тоа што својата љубов ја раскинаа и на суд, овие новости кренаа прашина бидејќи пејачот има нова девојка.
Од прес службата на Крис ја демантираат неговата врска со Ријана, и велат дека тие се само пријатели, а Крис и е верен на својата девојка.