Ријана и Крис Браун повеќе воопшто не се обидуваат да сокријат дека повторно се заедно, па за викендот се бакнувале пред присутните гости во еден клуб. Браун ја извел Ријана во клубот и иако парот бил во друштво на пријатели, било очигледно дека нивното присуство не им сметало да поделат безброј бакнежи и прегратки.

Извор кој се нашол во нивна близина во саботата рекол дека Крис кон неа се однесувал како кон принцеза, и се однесувал крајно џентлменски и шармантно. Меѓутоа, сепак не сакале да бидат фотографирани од папараците, па клубот го напуштиле одделно.