Ријана и Крис Браун неколку пати раскинуваа и се смируваа, а по се изгледа повторно се во љубов. Така барем тврдат американските медиуми. Сведоци наводно ги виделе заедно во едно музичко студио, во разговор кој бил повеќе од пријателски. Неименуван извор вели дека Ријана сеуште го сака Крис. Само сака да биде сигурна дека овој пат ќе постапат правилно.
Да потсетиме, Ријана и Крис се вмешани во еден од најголемите скандали во светот на шоубизнисот. Имено, таа требаше да настапи на 8 февруари 2009 година на доделувањето на наградите Греми, но тој настап беше откажан. Набрзо после тоа беше откриено дека Ријана не настапи бидејќи тогашното момче Крис Браун тешко ја претепа. Тој набрзо беше уапсен, а во јавноста се појави фотографија од претепаната Ријана. Ријана беше сведок на судењето, а Крис осуден на пет години условно и му беше наредено да не и приоѓа на пејачката поблизу од 50 метри.