Откако по трет пат раскинала со Крис Браун, повторно се појавил раперот Дрејк. Ријана се смирила со своето, исто така, некогашно момче. Дрејк, како што јавуваат американските медиуми, и поставил ултиматум. И рекол дека доколку не сака да биде со него во сериозна врска тој ќе се замине засекогаш.

Ријана се согласила. Тие двајца биле во врска во 2009 година, откако Крис Браун брутално ја претепал. Две години подоцна, требало да почнат да живеат заедно, меѓутоа таа се вратила на своето, сега повторно поранешно насилно момче. по раскинувањето тие двајца ја снимиле песната “Take Care”. Неодамна повторно прекинала со Браун, а на ред повторно дошол Дрејк.