Долг е пописот на жени кои се нашле во прегратките на холивудскиот заводник Леонардо ди Каприо кој до ден денес не пронашол жена покрај која би се скрасил на подолго време. Ниедна убавица со која бил во врска не успеала да ја надмине посебната жена во неговиот живот, мајката. Последна во низата која падна на неговиот шарм, а може да се рече и обратно, е 26-годишната Ријана, со која славниот актер се забавува во последниве неколку месеци.

 

За своето дружење обајцата молчат, но во ноќен живот не одат еден без друг. Неодамна биде видени во познат клуб во Њујорк, а страсните бакнежи на кои сведочеле многумина ги потврдиле шпекулациите за нивната тајна врска. Обајцата од клубот излегле во исто време. Актерот и пејачката која од него е помлада 14 години, се зближиле на дочекот на Нова година на островот Сент Бартс.