Бруно Марс и Ријана се најпиратизирани музичари во 2013 година, јавуваат медиумите. Компанијата “Musicmetric” ги обработила податоците на најпопуларниот сервис за илегално преземање „Бит Торент“ и дошла до резултатите според кои најчесто преземани албуми се оние на Ријана и Бруно Марс, повеќе од пет милиони пати.

 

Интересно е дека тие двајца во 2013 година не издале албум, но своите албуми, “Unorothodox Jukebox” на Бруно Марс и “Unapologetic” на Ријана ги објаволе кон крајот на 2012, поради што изминатава година биле актуелни. Меѓу останатите најпиратизирани албуми во 2013 се уште и “Red” на Тејлор Свифт и “20/20” на Џастин Тимберлејк.