И додека само две топлес фотогрфии на Ријана осамнаа на сајтовите „4chan“ и „Reddit“, Амбер Хард се соочува со скандал од многу пошироки размери. Хакерите украле педесетина разголени фотографии на младата актерка, а TMZ пренесува дека на една фотографија имало порака упатена до нејзиниот вереник Џони Деп.

Ријана и Амбер се само последни жртви во низата кои се нашле во центарот на хакерскиот скандал, а меѓу поновите жртви се и Ким Кардашиан, Кејт Босфорд и Ванеса Хаџинс. Актерката Габриела Јуниот ја потврдила автентичноста на своите фотографии и изјавила дека ќе го контактира ФБИ. Рекла дека приватни снимки кои ги делеле исклучиво таа и сопругот се појавиле поради некои лешинари.