Пејачката Ријана го завршува својот нов, шести студиски албум, потврдил продуцентот Верс Симондс. Симондс го продуцирал последниот сингл на Ријана “Man Down”, заедно со својот партнер од дуото “Jugganauts”, Сем Џозеф и открил дека и помагаат и со новиот албум.
Симондс потсетил дека тие двајца веќе продуцирале два албуми на Ријана и рекол дека колку што му е познато нему, Ријана го завршува албумот. Претходно овој месец италијанскиот „Вог“ ја прогласил Ријана за жена на годината, поради нејзината ангажираност во хуманитарни цели и успешната музичка кариера.