И покрај шпекулациите на медиумите дека штотуку обновената врска на Ријана и Крис Браун е во голема криза, и дека пејачката сама се упатила на одмор, папараците ја фотографирале на Хаваите каде заедно со Крис Браун го прославила својот 25 роденден. Тие биле фотографирани на една зафрлена плажа, а парот цело време се држел за рака и на тој начин ги демантирал гласините дека се скарале и раскинале.

Ријана дополнително ја залажила јавноста така што еден ден пред роденденот на својот Твитер објавила фотографија на која сама седи покрај базен, и медиумите побрзале да објават дека роденденот ќе го прослави сама. Меѓутоа Крис и се придружил токму на време за интимна прослава на Хавајските плажи.