Познатата пејачка Ријана во Атланта го претставила својот нов парфем ‘Rogue Man’. Во црн топ и пантолони Ријана ја покажала својата завидна фигура пред 300 насобрани обожаватели кои едвај го дочекаа нејзиниот нов производ. Пејчката рекла дека нејзините обожаватели не се нормални и дека прават неверојатни нешта за неа. Се појавуваат на неочекувани места, а со себе ги носат пријателите, семејствата… Додала дека сето тоа е многу возбудливо. Во знак на благодарност на нивната безрезервна поддршка, Ријана трпеливо позирала и се фотографирала со присутните, а оние најсреќните добиле и бакнежи и прегратки од својот идол.

Својот најнов парфем го посветила на мажите. Рекла дека дека се што прави воглавно е посветено на жените, па сега овој бил посебен парфем наменет за мажите, но во кој ќе уживаат и жените. Вели дека го имаат сите нејзини пријатели бидејќи го тестирала на нив. Го дала и на своите пријателки да го испробаат на своите момчиња. Ријана вели и дека нејзиниот парфем би можел да послужи и како афродизијак. Според неа, парфемите создаваат спомени и будат емоции кај луѓето.