Пејачката Ријана позирала со својата пријателка на приватна јахта во Истанбул, од каде поделила фотографија на која го покажува средниот прст на своите „хејтери“. Ријана во описот на фотографијата и се извинила на својата мајка, за која знаела дека нема да и одобри вакво однесување.
Нејзината мајка била многу ригорозна кога се во прашање некултурните фотографии кои пејачката неодамна ги објавувала, на кои била или полугола или со марихуана. Таа сметала дека таквото однесување е превулгарно и непотребно, но изгледа дека тоа не и сметало на Ријана и овој пат да ги почести сите оние кои не ја сакаат.