Судот во Лондон забранил без нејзина дозвола да се продаваат маици без ракави на кои се наоѓа фотографија на поп ѕвездата. Во првиот таков случај во кариерата на славната пејачка, тројцата судии оцениле дека користењето на тие предмети без дозвола на Ријана му штети на нејзиниот бренд.

Ријана во 2013 година ја тужела компаниката Аркадиа, во чиј состав е Топшоп, за пет милиони долари оштета поради маици на кои имало фотографија која настанала додека снимала спот во 2011 година. Фотографијата користена за печатење на маиците ја снимил независен фотограф во Северна Ирска кога Ријана го снимала спотот. Топшоп имал дозвола од фотографот за користење на фотографијата, но немал дозвола од пејачката. Пресудата во корист на пејачката е донесена уште во 2013 година, а сега е потврден паричниот износ кој мора компанијата да го плати.