Дамите на доделувањето на наградите „Брит“ по се изгледа биле под големо влијание на модната седмица која истовремено се одржува во Лондон.

Сепак, најгламурозна вила Ријана која се одлучила за феноменална креација на модната куќа „Живанши“. Таа после тридневната прослава на својот роденден во Лондон, заблескала на црвениот тепих.

Иако „Живанши“ фустанот со златен сјај бил нејзиниот главен адут, со додаток на одлични сандали, кафени кожни ракавици и дискретен златен накит, главен моден детаљ сепак било нејзиното тело.

Кај неа не важело правилото ако ги откриваш нозете, сокриј го деколтето. Овој пат таа разоткрила се што можела и изгледала одлично.