Иако својот последен албум “Talk That Talk” го објавила на почетокот на годинава, Ријана веќе ги собрала соработниците за својот седми студиски проект. Ѕвездата од Барбадос решила да не губи време, па веќе почнала со пробите во студио.

Пејачката неодамна престојувала во Лондон, каде преговарала со новите соработници Шон Герет и “Swedish House mafia”, со кои ќе соработува на новите песни. Иако се жалела на замор и исцрпеност, се чини дека нема намера да забави кога е во прашање нејзината кариера.