Иако пред овогодинешната церемонија на музичките награди Греми биле издадени правила на облекување за изведувачите, Ријана пронашла начин како донекаде да ги заобиколи и повторно ги разбудила фантазиите кај гледачите во проѕирниот фустан низ кој и се назирале градите.

Таа на овогодинешната церемонија дошла во за неа  невообичанеа комбинација, во долг црвен фустан, покриена од глава до пети. Спак, тоа бил само впечаток на прв поглед, бидејќи фустанот бил проѕирен, а бидејќи не носела градник под материјалот јасно и се познавале градите.

Провокативниот фустан по мерка за неа го направил познатиот дизајнер Азедин Алај, а Ријана својот изглед го надополнила со накит од познатиот златар Нил Лејн и со вртоглави потпетици со потпис на Маноло Бланик.

Цела вечер била покрај своето момче Крис Браун, а настапила со Стинг, Бруно Марс и синот на Боб Марли.