Популарната пејачка Ријана била една од 300 лица кои биле евакуирани поради пожар кој избил во лифтот на луксузниот хотел „Коринтиа“ во Лондон, јавиле светските агенции. Пејачката од Барбадос на друштвената мрежа Твитер ја објавила веста за пожарот, ставајќи и фотографија од истиот.
Противпожарните служби јавиле дека 10 пожарникари работеле на спречување на пожарот на седмиот кат од луксузниот хотел. Немали информации за повредени лица. Ријана минатиот викенд имала настап на отворено во Лондон.