Многу светски медиуми на големо пишуваат за наводната бременост на убавата пејачка од Барбадос и веќе шпекулираат кој би можел да биде таткото на детето, пренесуваат агенциите. Ријана наводно работи на нова песна на која ќе објави дека е бремена, а веќе се откажала од многу лоши навики, како конзумрањето марихуана, како не би му наштетила на детето.
Меѓутоа, прашањето кое сите ги мачи најмногу е кој е татко на детето? Сите се надеваат дека тоа не поранешното момче Крис Браун. Се нагаѓа дека би можел да биде токму раперот Дрејк со кој Ријана често се дружела. Во потесниот избор влегол и Клиф Диксон со кој пејачката се гледала ова лето.