Популарната пејачка Ријана била овековечена во најпознатиот музеј за восочни фигури на светот, лондонскиот „Мадам Тисо“. Ријана конечно добила фигура во Лондон, откако во истоимениот американски музеј добила уште минатата година. Нејзината фигура била вистинска атракција, па заедно со фигурите на нејзините колешки Бритни Спирс, Кајли Миног, Лејди Гага и Ејми Вајнхаус претставувала најбаран експонат изминативе денови.
Ријана е позната по атрактивните комбинации за облекување, а на општо изненадување нејзината восочна фигура била облечена во невообичаено долг, црн елегантен фустан, каков пејачката многу ретко носи. Споменатиот фустан црвенокосата убавица од Барбадос го носела на минатогодишната финална вечер на британскиот „Икс Фактор“