Популарната ѕвезда Ријана овие денови го промовирала својот филм ‘Battleship’, па поради тоа на многу новинари ова им било вистинска можност да ја прашаат за наводната врска со Ештон Качер, поранешниот сопруг на Деми Мур.

Ријана на прашањето луто одговорила дека не верува дека новинарите се сериозни со ова прашање и додала дека среќна и сама. Пејачката и Ештон неодамна биле фотографирани како рано наутро излегуваат од неговата вила. После тоа започнале да кружат гласини дека се во врска веќе два месеци, но по се изгледа тоа не е вистина.