Пред самиот настап на доделувањето на наградите Греми, Ријана се разболела, па се лекува од бронхитис и ларингитис. Меѓутоа, информации дека таа нема да се појави на доделувањето сеуште нема. Еден пријател на пејачката изјавил дека таа ќе настапи со Еминем како што било и предвидено.
Пејачката се лекувала со антибиотици за да биде што поспремна за настапот во недела вечер. Изворот рекол дека не сакала да го изневери Еминем, но и дека тој потполно ќе свател доколку таа не би била во можност да пее. Оваа седмица таа објавила дека сака да ја укине забраната за приоѓање на поранешното момче Крис Браун. Тоа го одлучила откако поминале две години откога ја претепал.