Популарната пејачка Ријана моментално е во потрага за момче. Таа неодамна изјавила дека и не е толку сјајно кога си сам и дека токму затоа е толку активна на социјалните мрежи. Бидејќи музичката кариера и одзема многу време, Ријана нема момче. Сепак, како што изјавила во една емисија, време е да ја најде својата посилна половина.

Таа објаснила дека моментално не е во врска и не се забавува со некој. Сепак, додала дека не е среќна што е сама и дека тоа не е толку интересно како што изгледа. Рекла дека многу време минува на твитер и дека така комуницира со пријателите, а понекогаш добивала и понуди за состаноци.