Сашо Ѓорески на мечот со Силекс, заработи директен црвен картон.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија го
суспендираше левиот бек на прилечани шест месеци.
– Фудбалерот на ФК 11 Октомври Прилеп,
Ѓорески Сашо со ИД 105215 исклучен на натпреварот со ФКСилекс Кратово во
19 минута поради особено груба игра при што е тешко повреден
гостинскиот фудбалер кој имал скршеница на двете потколеници СЕ КАЗНУВА
со забрана на настап во траење од 6(шест) месеци, согласно чл.38 ст.2
од ДП. – стои во одлуката на дисциплинската комисија на ФФМ.
Ѓорески екипата на 11 Октомври, ја засили во зимскиот преоден рок од тимот на Охрид 2004.