По натпреварите во двете рунди Ригелхут постигна 40 гола со импозантна статистика. Норвежанката биеше 57 пати кон противничките мрежи притоа погодувајќи 40 пати или процентуално 70 %.
Втора на листата е унгарката Анита Горбич со 39 постигнати гола.
Наталија Тодоровска на шесте натпревари што ги одигра 38 пати се радуваше на погодок.
Најблизу да ја загрози Ригелхут е германката Грит Јурак со 37 гола.
Топ пет листата се затвара со романката Валентина Арден – Елисеи којa 35 пати стрелаше прецизно.