Екипите на Ричи, Мистер И и Инсомнија се први патници во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2014“.

Ричи во осминафиналето славеше над Вила Ристески со 2-1, Мистер И триумфираше со 4-1, а Инсомнија со 3-1 беше поуспешна од
Плажа и Ресторан Св.Јован Канео.

Резултати :

Ричи – Вила Ристески Љубаништа (2:1)

Лакочереј – Мистер И (1:4)

Плажа и Ресторан Св.Јован Канео – Инсомниа Враништа (1:3)

Двојки :

20:30ч Зоби – Авто плац Џони

21:30ч – Сатеска Волино – Хримар Инжинеринг

22:30ч – Хаак – Германс

 

Мх.П.