Американката Шакери Ричардсон синоќа победи на трката на 100 метри на Светското првенство во Будимпешта со рекорд на Мундијалите.

До победата во спринтерската трка, Американката дојде со резултат 10,65. Таа го надмина достигнувањето на јамајканската тркачка Шели-Ен Фрејзер-Прајс (10,67), кое беше поставено на Светското првенство во 2022 година во Јуџин.

САД по три натпреварувачки дена се лидери на табелата медалисти на Светско првенство во атлетика со вкупно девет медали, од кои пет златни.

фото. МИА