Американскиот актер Ричард Гир и поранешната манекенка Падма Лакшини ја раскинале врската, но одлучиле да останат пријатели, објавиле американските медиуми. Според зборовите на нивните пријатели, ја завршиле својата романса која траела само шест месеци бидејќи и двајцата имале премногу работа.

Извор за медиумите рекол дека заклучиле дека подобро ќе функционираат како пријатели. Инаку, актерот кој има 65 години, минатата година се развел од сопругата Кареј Ловел после 11 години брак. Гир моментално е во Њујорк каде го снима својот најнов филм “Time Out of Mind” во кој глуми бездомник.