Познатиот актер Ричард Гир кој има 65 години по прв пат се појави во јавноста со 33 години помладата девојка од Шпанија Алехандра Силва на филмскиот фестивал во Сицилија, каде уживаа на рајските плажи. Пријател на Алехандра за медиумите изјави дека заедно се веќе една година, но тоа го држеле далеку од очите на јавноста.

 

Додава дека Алехадра живее на релација Менхетн – Мадрид и дека Ричард веќе неколку пати ја посетува во шпанската престолнина само како би минувале време заедно. Инаку, Алехандра била во брак со Говинд Фридленд со кој го има синот Алберт, а Гир бил во брак со познатата манекенка Синди Крафорд и со Кери Ловел.